August 19, 2022 13:55
Свет

Андерсон: Нема да дозволам Шведска да стане засолниште за терористи

Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави дека нема да дозволи нејзината земја да стане засолниште за терористи.

Нејзината изјава уследи по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел и пред почетокот на Самитот на Алијансата во Мадрид, со цел да добие поддршка од Турција за членството на Шведска.

– Нашиот став за Курдската работничка партија (ПКК) е сосема јасен. За ЕУ групата е терористичка организација, со што се согласува и Шведска. Шведска не е и нема да биде засолниште за терористите. Властите интензивно ќе работат на протерување на оние кои би можеле да бидат закана за безбедноста, а веќе има значителен број случаи што во моментов се процесуираат, наведе Андерсон.

Турција го блокира влезот на Шведска и на Финска во НАТО со образложение дека им пружаат засолниште на курдски екстремисти.