January 26, 2021 18:33
Магазин

Андерсон Купер се потсети на Ентони Бордејн

Андерсон Купер сподели некои од убавите спомени за својот покоен пријател Ентони Бордејн во текот на минатонеделната епизода на Anderson Cooper Full Circle.

53-годишниот новинар објави клип од емисија од нив двајцата која што датира од 2015 година.

„Ова е празник за храната и семејството -семејството со кое сте родени и семејството што вие ќе го одберете или ќе го направите за себе, вашите пријатели и вашите најблиски“, рече Купер на почетокот на емисијата што се емитуваше минатиот четврток, на Денот на благодарноста.

„Бев горд што Ентони Бурдејн е мој пријател. Некои од моите омилени спомени на него надвор од неговата извонредна работа во Си-ен-ен и во други мрежи, беа со него во кујната “, продолжи тој. „Од време на време, тој се враќаше од патувањата, ми раскажуваше за неговите авантури и снимаше сегменти за мојата програма, и се обидуваше да ме научи како да готвам,“ рече Купер.

А медиуите веднаш се потсетија на животната сторија на Бордејн, кој својата кариера како готвач ја започна во Њујорк, каде што стана главен готвач во Brasserie Les Halles.

Потоа, во средината на осумдесеттите години, напиша два лошо прифатени романи – кулинарски мистерии – пред да се пробие со популарниот есеј во „Њујоркер“, кој подоцна беше проширен во книга бестселер „Доверливо од кујната: Авантури од кулинарското подземје“.

Познатиот американски готвач, писател и телевизиска ѕвезда Ентони Бордејн, човекот кој обожаваше да го истражува светот и секогаш пронаоѓаше најневеројатни места за гурманска храна и добар пијалaк, почина пред две години на 61-годишна возраст.

Во јуни 2018 година Си-ен-ен ја потврди смртта на Бордеjн и информира дека причината за смртта е самоубиство. „Неговата љубов за големи авантури, нови пријатели, убава храна и пијалоци и извонредни приказни за светот го претворија во уникатен раскажувач. Неговиот талент не престана да нè восхитува и нам многу ќе ни недостига, истакнаа од Си-ен-ен.

Човекот кој го шеташе светот и нè учеше да не се плашиме од нови доживувања и вкусови секогаш го покажуваше својот хедонизам. Неговите емиси беа зачинети со хумор и животни мудрости.

Во последните денови од животот тој престојуваше во Франција каде работеше на снимање на неговата серија „Parts Unknown“ (Непознати предели).

The Misfit of Demon King Academy Episode 13 at ANIMEFLIX animeflix kimi no na wa

Watch Re:Zero kara Hajimeru Isekai Seikatsu: Shin Henshuu-ban Episode 2 at website https://kissanimeonline.com one piece stampede kissanime