September 30, 2020 07:25
Спорт

Англија ги почести Црногорците со „седмица“, хет-трик на Роналдо, Турција преку Исланд на ЕП

Репрезентацијата на Труција на Турк Телеком арената во Истанбул одигра 0:0 против Исланд и си го визира пласманот на ЕП. Во пресрет на последното коло од групата Х, Турција е лидер со 20 бодови, еден повеќе од Франција која има натпревар помалку, но што е поважно четири повеќе од Исланд со што и теоретски обезбедија една од првите две позиции.

Португалија освои очекувани три бода на домашен терен против Литванија (6-0) и остана на втората позиција која носи континентален собир наредната година. Кристијано Роналдо одново беше во центарот на вниманието и со три гола му докажа на Маурицио Сари дека повредата не е причината поради која беше заменет за време на викендот.

Својата задача си ја заврши и Србија која лесно го доби дуелот со Луксембург (3-2). Човек на одлука на овој меч беше Александар Митровиќ кој со два гола го водеше српскиот национален тим до големи три бода.

Светскиот првак Франција со судни маки ја прескокна Молдавија и обезбеди пласман на ЕП. Аутсајдерот имаше реми на полувреме, кое го промени Оливие Жиру во завршницата.

Во натпревар кој трите бода играа голема улога за тоа кој ќе оди на ЕП, Чешка го совлада Косово со 2-1 и се пласираше на континенталниот собир. Гостите на стартот од вториот дел поведоа преку Нухиу и најавија изненадување, но домаќините не дозволија нов пораз.

Резултатот значи дека Косово дефинитивно ќе биде противник на Македонија во март во баражот за ЕП преку Лига на нации.