October 18, 2021 12:08
Македонија

Ангелов: Имаме доволно сили за да се справиме со еден до два шумски пожари на ден

Обвинувањата дека НАТО не ни помогнал во пожарите не се издржани, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во гостувањето во Утрински брифинг.

Тој потенцира дека е многу благодарен до сите служби што ниту едно лице не загинало во пожарите во август.

-Телото на жената од Старо Нагоричане се уште не е пронајдено, но најверојатно не е настрадано во пожарот. Се верува дека е исчезната и МВР се уште работи на случајот, рече Ангелов.

Според него, граѓаните добиле погрешна слика дека Австријците го изгасиле пожарот во Малешевијата, иако им искажа голема благодарност за помошта, туку тоа го сториле сите, а таму имало многу други луѓе.

-Некако се добива погрешна слика за пожарите. Австријците точно многу помогнаа, јас не сум неблагодарен. Ќе го изгасевме и ние, но на потешкиот начин. Мислам ќе изгореше повеќе шума.Ние имаме доволно сили за нормални услуги, но и тука кубуриме со луѓе. Под нормални мислам на еден до два сериозни шумски пожари во денот. Во зависност од обемот на елементарната непогода, јас би рекол дека ниту една држава не може сама да се справи. Многу помоќни држави бараа меѓународна помош. Ние имаме скромни капацитети, но доволни за справување со одредени кризни состојби, но понекогаш е потребна и меѓународна помош, информира Ангелов.

За бројот на пожарите во критичниот август, директорот на ЦУК соопшти дека вкупно регистрирале 116, од кои дневно имало и по 20.

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.

https://kissanime.mx death note kissanime

WCOStream: Kabukichou Sherlock OVA anime episode Full online free at https://wcostream.cc dubbed anime

AnimeBee: Banana Fish anime episode 24 online free at https://animebee.to watch anime dub

Zintro: https://www.zintro.com/profile/animefreakws

Atlas dustforce: http://atlas.dustforce.com/user/animefreakws