November 26, 2020 21:45
Спорт

Ангеловски: Секогаш не можете да победувате, примивме наивен гол

Најдобрите македонски фудбалери денеска не успеаја да извлечат барем бод во Никозија против Ерменија и да се избората за пласман во Лигата „Б“ во новата сезона. Со пораз од 1:0 не ја зачуваа првата позиција која и припадна на Ерменија, селекција која и во првото издание од ова натпреаврување како домаќин ги совлада „црвено-жолтите“. Ерменија со пласманот во повисок ранг од Лигата на нации ќе игра со поквалитетни и поатрактивни ривали во новата сезона.

Селекторот Игор Ангеловски – мМрме чиј договор со ФФМ му завршува на крајот од годинава го имаше последниот натпревар на клупата. Сега ќе треба да преговараат со ФФМ за продолжување на соработката по остварениот историски пласман на завршницата од ЕП, што го става Мрме во поволна позиција, а раководството на федерацијата го остава без адути да не ја продолжи соработката.

– Жалиме што не се пласиравме во Лигата „Б“. Во првото полувреме не ги искористивме нашите шанси, а во второто примивме еден наивен гол. Не требаше да калкулираме, а тоа го реков и пред мечот. Играта не беше најдобра, да, поразени сме, но мора да сфатите дека тешко е за фудбалерите да се играат три натпревари за седум дена. Не можете секогаш да победувате. Важно е тоа дека претходно ја остваривме главната цел со победата над Грузија и пласманот на Европското првенство – вели Ангеловски.