October 16, 2021 09:44
Економија Македонија

Ангеловска-Бежоска ‒ Брнз:  Независност и професионалност на Народната банка за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност

 За зачувување на макроекономската и финансиската стабилност од суштинско значење се независноста и професионалноста на централната банка. На средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мари Брнз, се зборуваше за придонесот на монетарните власти во одговорот на кризата предизвикана од ковид-19. Беше посочено дека мерките преземени од Народната банка суштински придонесоа за раздвижување на економската активност, како и за зачувување на финансиската стабилност за време на криза. Гувернерката извести дека во тек е нов циклус макроекономски проекции за кои централната банка ќе информира на почетокот на ноември. Притоа, посочи дека досегашните остварувања кај бруто домашниот производ главно се во согласност со проекциите на Народната банка. Девизните резерви се малку подобри од очекуваните, исто како и кредитната поддршка. 

Инфлацијата e умерено повисока. Инфлациските движења се главно резултат на увозни притисоци поврзани глобалните цени на енергенсите и храната. Сепак, Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи ценовните движења, а особено инфлациските очекувања и евентуалните секундарни ефекти и соодветно ќе реагира на нив. 

Исто така, гувернерката истакна дека постепеното закрепнување на економијата, коешто е во тек, позитивно придонесува за одржување на макроекономската и финансиската стабилност и ги ублажува системските ризици. Сепак, неизвесниот карактер на корона-кризата наметнува потреба од постојана подготвеност и будно следење на состојбите, заради преземање соодветни мерки за справување со предизвиците.

На средбата присуствуваше и шефот за економски и политички прашања при Амбасадата на САД, Кристофер Зимер, како и Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата на САД во земјава.

 

Watch Legend of Kung Fu Rabbit Episode Full

Website https://animepahe.cc: Watch Dies irae animepahe Episode 11 anime sites

Website https://animeflix.nl: Watch Doraemon: Nobita's Animal Planet animeflix Episode Full animeflix sailor moon

Website https://animetv.cc: Watch Fafner of the Blue Sky animetv Episode 25 anime tv darling in the franxx

Henna Omamesan Episode Full