August 13, 2022 21:14
Магазин

Ана Бекута имала претчувство дека нејзиниот сакан ќе почине

 Познатиот српски политичар и партнер на Ана Бекута, Милутин Мркоњиќ Мрка почина во сабота на 27 ноември.

Медиумите пишуваат дека наводно Ана Бекута го сонувала погребот на Мрка и се пожалила на нејзина колешка на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“.

-Ана тој ден дојде нервозна на снимањето, па сите ја прашавме што не е во ред. Додека чекаше сите од бекстејџ да влезат во студио, таа зборуваше со Босанац и Снежана за нејзиниот сон и за малку ќе заплачеше. Тие и рекоа да не размислува за тоа, сепак е само сон. Ана тогаш се смири, се беше во ред, а утредента Мрка и кажа да не се гриже и дека уште долго време нема да ја напушти“, вели пријател на Мрка за „Српски телеграф“.

 

Отогаш Ана била по стрес и му кажала на Мрка што сонувала.

-Мрка започна да се смее иако имаше маска. Тој и кажа: „Најубава моја. Па што се плашиш кога знаеш дека сум волк. Па, потоа и вети дека нема уште долго време да ја напушти.

Како што пишуваат медиумите, за сонот на пејачката знае и Саша Поповиќ.

-Сале, состојбата на Мрка се менува. Често им се јавувам на докторите и тие на мене. Го сонував неговиот погреб пред два месеци, се сеќавате дека ви кажав.Никогаш немав такви соништа затоа многу се исплашив. Тој во болница ми велеше дека сум паничар, заедно се смеевме. Ми велеше дека никогаш нема да ме напушти, тоа ме смируваше. Многу колеги заминаа, не можам повеќе да плачам, наводно Ана кажала на Саша.