December 4, 2022 19:48
Свет

Америка купува лекови против радијација по нуклеарната закана на Путин

Соединетите Американски Држави потрошија 290 милиони долари на лекови против радијација, откако рускиот претседател се закани дека ќе користи нуклеарно оружје „во одбрана на Русија.

Како што објави американската здравствена агенција ХСС, владата купила значителна залиха на лекот Нплејт, кој го стимулира производството на тромбоцити во телото и го ублажува крварењето предизвикано од зрачење.

ХСС негира дека лекот е набавен поради руската инвазија на Украина и тврди дека тоа е „дел од долгорочните напори за подобра подготовка на нацијата за спасување животи во случај на радиолошки и нуклеарни катастрофи“.

Лекот е произведен од калифорниската фармацевтска компанија Амген и може да се користи од деца и возрасни.

Претходно овој месец, рускиот претседател Владимир Путин рече дека ќе ги „заштити“ четирите анектирани украински региони „со сите расположливи средства“, во она што се сметаше за закана од нуклеарно оружје.

Тој го изјави ова за време на церемонијата на припојување на украинските региони кон Русија, во говор во кој жестоко го критикуваше Западот.

Тврдењето дека 18% од Украина сега и припаѓа на Русија отвора повеќе простор за нуклеарни закани бидејќи Путин може да го прогласи секој напад на тие територии како напад врз Русија,пренесе Индекс.хр.