January 24, 2021 23:43
Спорт

Американски инвеститори можат да го купат Вест Бромвич, кинескиот сопственик бара 150 милиони фунти

Англискиот фудбалски премиерлигаш Вест Бромвич може да добие нов сопственик. Шест потенцијални инвеститори се заинтересирани за купување на клубот. Претставниците на клубот веќе разговарале со тројца потенцијални купувачи, од кои двајца од Соединетите Американски Држави, објави „Дејли мејл”.

Кинескиот бизнисмен Гуочуан Лај, кој е сопственик на Вест Бромвич, сака да добие 150 милиони фунти за продажба на клубот, но поради последиците од пандемијата на коронавирусот, тој може да го продаде тимот и за 100 милиони фунти.

Лај го купи Вест Бромвич во 2016 година за околу 200 милиони фунти.

Вест Бром е 17. во Премиер лигата со 6 бода по 10 одиграни натпревари. 

Fire Force Season 2 Episode 24 at Funimation funimation canada

Watch Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 11 at website https://animeflix.nl danganronpa animeflix