January 20, 2022 17:22
Свет

Американски дипломати од Женева и Париз последни жртви на т.н. Хавана синдром

Официјални лица во дипломатската служба на САД од Женева и Париз се последните жртви за кои се верува дека добиле мистериозни невролошки проблеми познати и како Хавана синдром, јави денеска Волстрит журнал.

Називот на синдромот доаѓа по местото каде првпат биле забележани вакви напади – американската амбасада во Хавана на Куба пред повеќе од пет години.

За можни напади на американски дипломати во Европа со направи за кои се верува дека испуштаат штетни микробранови од далечина летоска било известено во внатрешните служби на Стејт департментот, пишува весникот. Овие дипломати се меѓу 200 останати кои се пожалиле дека добиле Хавана синдром додека работеле во Кина, Јужна Америка и во други земји во Европа како Србија, Австрија и Германија.

Симптомите вклучуваат главоболки, вртоглавица, когнитивни тешкотии, тинитус, вертиго и проблеми со видот, слухот и рамнотежата. Весникот наведува дека многу вработени страдаат од овие симптоми со години откако првпат известиле, додека на некои им биле дијагностицирани мозочни трауми.

Американската влада работи на тоа да се истражи кој стои зад овие напади и каква направа или направи се употребуваат. За тоа е оформена работна група во Стејт департментот.

Лани во октомври Администрацијата на Џо Бајден потпиша и закон за помош на жртвите од т.н. Хавана синдром, со што се засилува здравствената помош за настраданите службеници.

anime online. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

animeflix ANIMEFLIX Naruto (Dub)

How NOT to Summon a Demon Lord Ω Episode 10

ANIMEFLIX Naruto

anime stream Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway