August 15, 2022 17:58
Свет

Американски воен брод истрела предупредувачка ракета над ирански брод

Воен брод на американската морнарица истрела предупредувачка ракета за да го пренасочи глисерот на Иранската револуционерна гарда, кој се движеше право кон него, соопштија денеска официјални лица по повод настаните во Ормускиот проток.

Според соопштението на морнарицата, патролен брод од класата Циклон „USH Orphan” и брз транспортен брод „Spearhead” „USNS CHoctaw County” се сретнале во понеделникот со три ирански бродови додека влегувале во Персискиот залив преку Ормускиот теснец.

Морнарицата соопшти дека ова е втор таканаречен „небезбеден и непрофесионален” инцидент со Иран во последните месеци.

Вчерашниот инцидент со иранската револуционерна гарда и американската морнарица се случи во време кога и натаму се присутни тензиите поради застојот на преговорите за обновување на иранскиот нуклеарен договор со светските сили.

sunwin

tải sunwin

tải sunwin

game sunwin game bài sunwin game sunwin

game sunwin sunwin apk tải sunwin