October 1, 2020 02:57
Свет

Американски авион исфрли керозин врз деца во школски двор во близина на Лос Анџелес (видео)

Екипаж на патнички авион на американската авиокомпанија Делта ерлајнс исфрли авионско гориво врз училиште во градчето Кудахи во близина на Лос Анџелес.

Исфрлањето керозин беше поради принудно слетување на авион Боинг 777 на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

Керозинот бил исфрлен врз главите на децата кои играле во училишниот двор вчера претпладне по локално време. Над 40 лица биле повредени во инцидентот од кои седумнаесет деца имале мали повреди, но ниту едно не е хоспитализирано.