Свет

Американските дипломати добија рок од 72 часа да ја напуштат Венецуела

Венецуела на американските дипломати денеска им нареди да ја напуштат земјата во рок од 72 часа откако претседателот Николас Мадуро го обвини американскиот претседател, Доналд Трамп, за сајбер-саботажа што довела до најголемиот прекин на електрична енергија во земјата.

„Доналд Трамп е најодговорен за сајбер-нападот врз венецуелскиот електроенергетски систем“, изјави Мадуро во емисија во понеделникот вечерта, додавајќи дека таква технологија поседува само владата на САД, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Хулио Кастро, од невладината организација „Лекари за здравје“, на „Твитер“ доцна во понеделникот соопшти дека од почетокот на прекинот на електричната енергија, во јавните болници починале 24 лица.

Венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареас, изјави дека американските дипломати мора да ја напуштат Венецуела во текот на следните три дена, а во соопштение на владата се вели дека присуството на овие претставници на тлото на Венецуела претставува ризик за мирот, единството и стабилноста на земјата.

Американскиот Стејт департмент во понеделникот соопшти дека неделава ќе го повлече својот персонал од Венецуела.

Нови вести

Се запали билборд на Тајмс сквер во Њујорк

Daniela

„Непознати тела” од Израел долетале во Сирија

Daniela

Ван дер Белен: Предвремени избори во Австрија се неизбежни

Daniela