December 5, 2022 09:26
Спорт

Американска скијачка исчезнала на експедиција на планина во Непал 

Американската професионалка во алпско скијање, Хилeри Нелсон се води за исчезната во експедиција на Непал, соопшти еден од нејзините спонзори, компанијата „Норд фејс”, јави денеска Си-ен-ен. 

Американката, која е на возраст од 49 години и има плодна спортска кариера долга две децении, наводно пропаднала под врв на планината Манаслу во Непал, осма по височина планина во светот. 

-Се наоѓаме во контакт со семејството на Хилери и помагаме во спасувачките напори како што можеме, соопшти компанијата на Твитер. 

Нелсон има две деца. Нејзиниот партнер, Џим Морисон е исто така искусен планински скијач. Двајцата во понеделникот заедно скијале и ја истражувале планината во Непал кога било сооштено дека таа исчезнала.

Џибан Џимири., директор на Шаннгри ла Непал трек изјави дека во понеделникот неговиот тим примил порака дека Нелсон исчезнала и дека не можат да ја најдат.