Свет

Американската војска се повлекува од Авганистан до 11 септември

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, изјави денеска дека американските војници целосно ќе се повлечат од Авганистан до 11 септември оваа година, со што ќе се стави крај на најдолгата војна во која учествуваше Америка.

„Не можеме да го продолжиме маѓепсаниот круг на проширување на нашето воено присуство во Авганистан во надеж дека ќе создадеме идеални услови за повлекување“, рече Бајден, пренесува „Си-ен-ен“.

Американскиот претседател најави дека повлекувањето ќе започне на 1 мај, во согласност со договорот што администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп го склучила со талибанците.

Рокот за целосно повлекување до 11 септември е конечен, без можност за продолжување поради каква било промена на условите на теренот.

Претходно денес, Белата куќа објави делови од говорот на Бајден во кој тој рече дека нападите на 11 септември 2001 година не можат да објаснат зошто американската војска и натаму би била присутна во Авганистан 20 години подоцна.

Тој додаде дека САД веќе немаат причина да инвестираат ресурси во војната во таа земја, најдолгата во која учествуваа САД.

„Јас сум четвртиот американски претседател за време на чиј мандат американската војска сè уште е во Авганистан. Двајца републиканци. Двајца демократи. Јас нема да ја пренесам таа одговорност на петтиот“, наведува Бајден.

AnimeTV m2 chia anime tv: Dragon Ball (Dub) Episode 153

GoGoAnime gogoanime1: Assassination Classroom (Dub) Episode 22