December 2, 2022 09:38
Свет

Американската алпинистка Хилари Нелсон исчезна на планината Манаслу во Непал

Познатата американска планинарка Хилари Нелсон (49) исчезна на планината Манаслу во Непал, искачувајќи го осмиот по височина врв во светот.

Како што јавува „Би-Би-Си”, на Нелсон и се изгубила трагата при лавина на планината Манаслу во која загинало едно, а биле повредени повеќе од десет лица.