December 9, 2022 01:11
Спорт

Американките први финалистки на СП во кошарка 

Кошаркарите на Соединетите Американски Држави се пласираа во финалето на Светското првенство во Австралија, откако денеска во првото полуфинале триумфираа убедливо над Канада со 83-43 (27-7, 18-14, 22-8, 16-14). 

Американската репрезентација лесно ја запипша 29 последователна победа на светските првенства на кои последен пат беше поразена во 2006 година од Русија. 

Од друга страна, Канада постигна најмалку поени во историјата на полуфиналните натпревари, а претходниот рекорд го држеше Јужна Кореја, која во 2002 година против Русија уфрли 53 поени. 

Противник на американските кошаркарки во финалето ќе биде победникот од второто полуфинале меѓу Австралија и Кина. 

За САД тоа ќе биде четврто финале во серија на светските првенства.