September 23, 2019 05:12
Живот

Американец од страв од ураганот возилото го паркираше во кујна

Американец од страв од ураганот возилото го паркираше во кујна

Човек од Флорида оваа недела толку бил загрижен неговиот сакан автомобил да не го однесе ураганот Доријан, па решил да го премести на сигурно место. Во внатрешноста на неговата куќа.

Жителот на Џексонвил Патрик Елдриџ рече за Си Би Ес Њуз дека својот автомобил го внел во куќата во вторникот наутро, додавајќи дека неговата „жена била импресионирана дека бев во право што успеав да го сместам во кујната“.

Неговата сопруга Џесика објави во вторникот наутро на Фејсбук слики од малиот автомобил внатре во куќата на Длорида. „Мојот сопруг се плашеше дека автомобилот ќе му експлодира“, напиша таа. „А мојот автомобил е во гаражата“.

Фотографиите набрзо станаа вирални и собраа повеќе од 65.000 споделувања и 22.000 реакции.

„Уште сме во шок дека овој бран на лудило се случи на интернет откако објавивмеЕ, рече Елриџ.

Двојката го изнесе возилото од својата куќа откако бурата ослабна и се оддалечи од Флорида. Иако автомобилот немаше потреба да се заштитува, мажот рече дека од ова искуство научил драгоцени информации.

„Сега знаеме дека имаме едно дополнително паркинг место“, се пошегува тој.

Нови вести

Погледнете кога ќе биде 11:11 на часовникот – Еве зошто

24news

Американка до смрт го дрогирала своето бебе

24news

Еве зошто прстите ви се збрчкуваат, кога се во вода!

24news