February 17, 2019 11:15
Балкан

Амбасадорот на Венецуела во Русија: Гваидо во Србија учел како се организираат протести

Амбасадорот на Венецуела во Русија, Карлос Фариа Тортос изјави дека САД уште пред 10 години го врбувале претседателот на парламентот, Хуан Гваидо кој се прогласи за претседател и дека тој е марионета на Вашингтон.

„Гваидо кој никој не го знаеше пред тоа, го врбуваа САД уште пред 10 години. Според нашите податоци него го испратиле во Србија за да учи, што веројатно вие знаете. Оттогаш почна се“, изјави дипломатот, пренесе „Спутник“

„Потоа дојде времето и рекоа дека е подготвен. Но тој не е за оваа задача. Тој е само марионета, зад него стојат и говорат САД“, додаде амбасадорот на Венецуела.

Во Венецуела на 21 јануари почнаа масовни протести против актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро. Претседателот на парламентот во земјата, Хуан Гваидо на 23 јануари се прогласи за привремен шеф на државата. САД и други земји го признаа Гваидо и побараа од Мадуро да не дозволи насилни акции против опозицијата. Лидерот на Венецуела, Никола Мадуро како легитимен претседател го признаваат Русија, Кина и други земји.

Related posts

Кипарски европратеник побара објаснување за изјавата на Рама за „обединување на Акбанија и Косово”

Filip

(Видео) Илјадници куќи уништени во поплавите во Албанија

24news

Бугарија нема да се приклучи кон Договорот за мигарација и нема да учествува на неговото усвојување

Ivona