January 28, 2020 01:09
Македонија

Амбасадорката Брнс воодушевена од Охрид и гостиварската баклава

Новоименуваната американска амбасадорка Кејт Брнс, првиот викенд од својот мандат во нашата земја го помина во посета на Охрид.

Бернс за посетата на Охрид и гастрономските специјалитети кои ги пробала во нашата земја, објави на официјалниот твитер профил на американската амбасада.

– Возбудена сум од мојата прва посета на Охрид. Воодушевена од неговата природна и културна убавина и импресионирана од мојата прва пастрмка и баклава. Сакам да видам повеќе од убавината и разноликоста на Северна Македонија и да научам повеќе за државата, пишува на твитер профилот на американската амбасада.

Амбасадорката на враќање од Охрид кон Скопје поминала низ Гостивар и се почестила со парче баклава од слаткарницата Рекорд.

Во петокот Бернс присуствуваше на отворањето на 59-тото издание на „Охридско лето” и настапот на виолинистката Ванеса Меј во Антички Театар во Охрид.

Нови вести

Жбогар ги повика партиите да го донесат Законот за јавно обвинителство

Filip

Манчевски на ТВ 24: Со Законот за раководна служба до крај ќе ја департизираме администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ и со тоа не се согласува

Filip

Дескоска: Обвинителите од СЈО ќе се оценуваат при конкурсот за влез во Обвинителството на Русковска

Filip