December 9, 2022 00:11
Свет

Амбасада на Русија: САД не треба да се сомневаат во нашата подготвеност да се браниме

Американската војска не треба да се сомнева во подготвеноста на Русија да го брани својот суверенитет, територијален интегритет и народ со сите расположливи средства, соопшти руската амбасада во САД.

„Забележавме напис на Њузвик од 29 септември, во кој се цитираат изјави на анонимни претставници на Пентагон за плановите да се одговори на хипотетичката употреба на нуклеарно оружје од страна на нашата земја“, се наведува во соопштението на амбасадата, пренесува ТАС С.

Руската амбасада соопшти дека „сака да верува дека таквите заблуди не ја одразуваат официјалната позиција на американската војска“.

„Во спротивно, светот се приближува до навистина опасна точка и на хоризонтот се наѕира кубанската ракетна криза 2.0“, нагласуваат од амбасадата.

Руските дипломати во Вашингтон, исто така, рекоа дека американското Министерство за одбрана не треба да ја доведува во прашање „одлучноста на Москва да го брани националниот суверенитет, територијалниот интегритет и народот со сите системи на оружје што и стојат на располагање“.

Амбасадата исто така посочи дека ваквите планови на американските воени стратези може „скапо да ги чинат САД“.

„Секој воен судир меѓу нуклеарните сили неизбежно ќе резултира со катастрофални последици“, изјавија руски дипломати, пренесе ТАС С.