June 21, 2021 19:31
Магазин Свет

„Амазон“ ги чести со 100 долари новите работници кои имаат потврда за вакцина

Американскиот технолошки гигант „Амазон“ денес објави дека ќе отвори 75.000 работни места низ целата мрежа на магацини и дистрибутивни центри во САД и Канада. Компанијата исто така најави дека ќе им понуди бонус од 100 долари на новите вработени кои имаат потврда дека биле вакцинирани против Ковид-19.

Од „Амазон“ тврдат дека ќе понудат просечна почетна плата од 17 долари на час на тие работни места, што е одраз на неодамнешното зголемување на платата во опсег од 50 центи до три долари на час за повеќе од половина милион вработени во САД кои работат во таа компаниј, пренесува „Си-ен-би-си“.

Нудењето разни поволности со цел да се привлечат кандидати е сè пораспространета појава меѓу американските компании кои бараат работна сила на сè пореткиот пазар на трудот.

Некои компании велат дека имаат проблем да најдат работници, што им го припишуваат на зголемените бенефиции што ги уживаат невработените. Критичарите велат дека работодавците треба да размислат за зголемување на платите за да привлечат работници.

Компаниите, вклучувајќи ги „Чипотл“ и „Мекдоналдс“, најавија покачување на платите за да привлечат работници.

Од истата причина, Амазон нуди бонус до 1.000 долари за потпишување договор за работа на некои локации, со цел да привлечат работници.

Компанијата водеше агресивна политика за вработување нови луѓе за време на пандемијата на коронавирусот, вработувајќи дури 500.000 работници во 2020 година со цел да одговори на силниот скок на побарувачката од онлајн купувачите.

Во исто време, профитот беше инвестиран во физичко проширување на бизнисот, отворање нови магацини, бази за воздушен транспорт и други објекти со исклучително брзо темпо, додава „Си-ен-би-си“.

KissAnime your name kissanime: The Seven Deadly Sins (https://kissanimeonline.com/m/qnb) Episode 24

AnimeDao animedao softonic: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 13