Спорт

Алушовски: Веспрем е многу подобар тим од Вардар во моментов

Тренерот на македонскиот и двократен европски ракометен првак Вардар, Стевче Алушовски е реален дека понатаму во Лигата на шампионите продолжува подбриот тим. Вардар е  елиминиран со два убедливи порази од 14 и девет голови разлика во двомечот од осминафиналето со унгарскиот Веспрем.

-Честитки за Веспрем. Заслужен е пласманот во четвртфиналето. Тие беа подобар противник, исто како и на мечот во Скопје. Реалноста е таа, Веспрем е многу подобар тим од Вардар во моментов. Ние повторно имавме многу проблеми, особено во првото полувреме. Се обидовме и со „седум на шест“, но не можевме да сториме ништо повеќе против овој поквалитетен ривал. Му посакувам на Веспрем се најдобро во следната рунда, истакна Алушовски по мечот.

AnimeTV sword art online anime tv: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 10 (https://animetv.cc/m/v2eg/ep-10)

4Anime 4anime: SK8 the Infinity (https://4anime.biz/m/PRWZ) Episode 12