June 28, 2022 23:59
Македонија

Алтернативa го одржува првиот Конгрес, 600 делегати избираат ново партиско раководство

Во присуство на бројни гости, 600 делегати, како и членови на партијата, Алтернатива денеска во големата сала на „Филхармонија“ го одржува Првиот конгрес на кој што ќе се избира нов претседател на партијата и ново партиско раководство.

По одржувањето на првиот отворен дел во кој обраќања имаа претседателот Африм Гаши и генералниот секретар Беким Сали, следува вториот дел од Конгресот каде ќе бидат претставени кандидатурите за нов претседател на партијата.

Во изјава за медиумите дадена по завршувањето на првиот дел од Конгресот, Гаши истакна дека се уште не знае колку кандидати се пријавени за функцијата претседател на партијата.

– Се надеваме дека како што помина првиот дел, така ќе продолжи и вториот ден на Конгресот, во позитивна атмосфера и дека ова денес што се случува ќе биде за добробит на сите, да ја збогатиме политичката сцена со нешто што е добро за сите. Поголем дел од Централното собрание, 90 отсто ќе се гласат денеска, бидејќи тие се луѓе кои доаѓаат од ограноците и тоа е главното тело што се избира во партијата и трае до следниот конгрес, рече Гаши.

Свое обраќање во отворениот дел од Конгресот имаше и генералниот секретар на партијата, Беким Сали кој истакна дека во Алтернатива членовите и раководството секогаш се таму каде што бараат обврските, а не онаму каде би имале личен интерес.

-Мојата Алтернатива ме предизвика и со одговорноста да да оставиме позитивен белег во здравствениот сектор. И, без да сакам да го узурпирам просторот на овој Конгрес, сакам да ви кажам дека ние сме целосно посветени и насочени кон радикално подобрување на системот. Градењето на новиот клинички центар ќе биде работа којашто можеби нема да заврши во нашиот мандат, но доколку успееме да го започнеме – секако со поддршка од сите парламентарни политички партии – ќе биде голема победа за целото наше општество и остварување на сонот на многу генерации. Затоа, побарав од партијата да има разбирање и да ме ослободи од партиските обврски за да им се посветам на професионалните обврски, рече во своето обраќање генералниот секретар, Сали.

На Конгресот присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, претставници на политички партии од земјава и од Албанија и Косово, претставници од дипломатскиот кор.

Премиерот Ковачевски во објава на својот фејсбук профил истакна дека владината коалиција со целиот капацитет работи во интерес на граѓаните и успешно менаџира со предизвиците од најголемата светска и економска криза по Втората светска војна.

– Заеднички спроведуваме мерки и политики за заштита на стандардот на граѓаните, на компаниите, целосно усогласени со политиките и евро-атланскиот правец по којшто се движи земјава. Политичката партија Алтернатива е нашиот нов партнер во Владата, со вградени програмски определби. Со задоволство ја прифатив поканата и присуствував на денешниот Конгрес на Алтернатива. Благодарен сум на нивниот придонес како и на сите партии од парламентарното мнозинство. Одговорно и посветено продолжуваме да работиме за граѓаните и напредокот на државата, напиша Ковачевски.

https://go88.gg/

https://sunwin.gg/