August 17, 2022 16:06
Македонија

Алтернатива утре ќе oдлучи дали ќе влезе во Влада

Наместо вечерва, Алтернатива утре вечер ќе одржи централно претседателство во Тетово на кое ќе одлучува за тоа дали ќе биде дел од Владата заедно со СДСМ и ДУИ по постигнатиот напредок за соработка меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на партијата Африм Гаши.

Одложувањето на партискиот состанок, како што соопштија од Алтернатива, е поради почит кон 45-те починати во страотната несреќа во Бугарија кои денеска се погребуваат.

Лидерот на партијата Африм Гаши досега имаше три средби со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на кои беше договорен програмскиот дел од идната соработка и започнаа разговорите за кадровските решенија за учество на Алтернатива во Владата.

Иако бргу ги усогласија програмските определби, се чини дека преговорите околу цената за влезот на алтернативците и зголемување на парламентарното мнозинство со четворицата нивни пратеници нема да оди така лесно. Засега не се откриваат детали од кадровските преговори, но се шпекулира дека алтернативците бараат едно вицепремиерско место, три министерски места како и три заменици-министри, а понудата од Заев е двајца министри и двајца заменици.

Во игра се министерствата за здравство, труд и социјала, земјоделство, култура и информатичко општество и администрација.

game bài sunwin game bài sunwin sunwin

tải sunwin

sunwin

sun win

game sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin