November 26, 2022 12:28
Македонија

„Алтернатива“ одлучи да ѝ даде шанса на Владата

На состанокот на централното претседателство на Алтернатива, откако со едноминитно молчење за жртвите во автобуската несреќа, партијата одлучила да ѝ даде на шанса на Владата.

Ова значи дека партијата го овластила претседателот на партијата да преговара со мандатарот и да се види што конкретно може да се направи за да се „излезе од овој ќорсокак“.

-Констатиравме дека земјата е во длабока политичка, економска, енергетска, здравствена криза. Додека го чекаме датумот за преговори со ЕУ, овој ќорсокак произведе неизвесност на политички и економски план. Како сериозна политичка партија, разговаравме за помошта што може да ја дадеме за откочување на ситуацијата, рече Муртезани.

Тој додаде дека вкупниот заклучок е дека треба да им се даде шанса на, како што рече, стабилноста и контиунитетот, за да може земјата да се надева за датум со преговори со ЕУ. Но, порача Муртезани, ќе почекаат да видат каков е концептот за надминување на кризата на СДСМ, ДУИ и другите партнери.

-Да видиме дали тие се подготвени да се откажат од дел од моќта за да се воспостави рамнотежа – рече портпаролот на Алтернатива, истакнувајќи дека конечната одлука за влез во владата, по директните разговори на лидерско ниво, треба да ја донесе партиското Централно собрание.