October 20, 2020 14:02
Спорт

Алкантара се сели на „Енфилд“

Актуелните фудбалски прваци на Англија, Ливерпул и на Германија Баерн Минхен успешно ги завршија преговорите околу трансферот на Тијаго Алкантара. Шпанскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи на „Енфилд“.

Медумите на Островот објавија дека Ливерпул се согласил да плати 30.000.000 евра за да го доведе во своите редови Алкантара.

Играчот од редот за врска минатата сезона со Баерн ја освои тројната круна. Поранешниот фудбалер на Барселона седум сезони го носеше дресот на Баерн, одигра 235 натпревари на кои постигнал 31 гол.