February 3, 2023 15:09
Скопје

Алијанса: ОУ„26 Јули” освен што е уништено сега и се ограбува од нелегалните и нелегитимните раководители

Интегрален текст од изјава на Астрит Азири од Алијанса за Албанците- Огранок Шутка
„Се наоѓаме пред Основното училиште “26 Јули”, кое освен што е уништено, тоа сега и се ограбува од страна на нелегалните и нелегитимните раководители. Директорот на ова училиште, кој што е брат на Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, откако беше противзаконски назначен по диктат на министерот за образование, продолжува со злоупотреба на буџетот на училиштето.  Неодамна, тој почна со изградба на ограда на училиштето, без никаква потреба и образложение, бидејќи училиштето веќе има метална ограда направена пред две години. Истиот тој директор почна и со изградба на фасадата на училиштето, но, и оваа инвестиција е завршена пред извесно време и фасадата е целосно нова. Јасно се гледа дека сето ова се прави само за да се потрошат училишните средства и можеби за да се поделат парите помеѓу себе преку групации и фирми со кои се склучуваат договори без тендер и во четири очи.
Се потсетуваме дека овој директор, со негови соработници, беше назначен пред неколку месеци иако тој не ги исполнува условите, ги нема потребните документи и нема согласност од инспекторатот.
Во времето кога беше насилно назначен, истиот, како што се гледа од снимката емитувана во емисијата “Стоп” во Албанија , украл и топки и инвентар од училиштето. Денес е јасно како може еден директор, којшто самиот примал  наставничка плата, да вози скап Мерцедес, додека другите наставници едвај преживуваат. Ги повикуваме Комисијата за спречување на корупција, инспекторатот и другите надлежни органи да започнат истрага за злоупотребите и истите да се сопрат, а министерот за образование да се откаже од назначувањето насила.