December 5, 2021 11:32
Македонија

Алијанса и Алтернатива спремни да го поддржат Касами во Тетово

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива се подготвени да го поддржат кандидатот на Беса во Општина Тетово, Биљал Касами кој оди во втор круг со кандидатката на ДУИ, Теута Арифи, соопшти вечерва Елми Азири од коалицијата Алијанса и Алтернатива во дебатната емисија „Click Plus“ на ТВ21.

-Наредните денови очекуваме да имаме преговори со Беса. Да видиме, можно е да дојдеме до некоја соработка. Важно е да падне ДУИ и Теута Арифи, која заслужува нула гласови затоа што ништо не сработи за Тетово, рече Азири.

Во првиот круг, според официјалните податоци од ДИК, Арифи освои 11.138 гласа, а Касами освои 10.496 гласа. Кандидатот на Алијанса за Албанците Вулнет Мурсели освои 6.165 гласа, кандидатот на ДПА Сади Беџети освои 3.840 гласа, кандидатот на СДСМ Хамдија Елезовиќ освои 2.373 гласа, додека Снежана Стојановска од Интегра освои 1.989.