October 15, 2019 21:39
Македонија

Алијанса за Aлбанците: Земјата и натаму се соочува со проблемите наследени од режимот на ВМРО-ДУИ

Извештај на Стејт департаментот за РСМ, сериозен аларм за недостаток на резултати во борбата против корупцијата, реформите во судството и деполитизација на администрацијата

Стејт департамент на САД: Северна Македонија продолжува да се соочува со висок степен на корупција и политизација на администрацијата и судството.

Алијансата за Албанците го поздравува годишниот извештај за човекови права во Северна Македонија, објавен вчера од страна на американскиот Стејт департамент.
Извештајот за 2018 година потврдува дека и покрај техничките и законските реформи иницирани од владата на Заев, земјата и натаму се соочува со проблемите наследени од режимот на ВМРО-ДУИ и продолжени од сегашната власт.

Особено вознемирувачки според Американскиот државен секретаријат останува високиот степен на корупција, со многу случаи на корумпирани службеници вклучени во коруптивни случаи во изминатата година.
Во извештајот, исто така, се нагласува политизацијата на судството и нејзино недоволно финансирање како главни пречки за независно и ефективно судство за воведување правда во земјата.

Политизацијата останува присутна на ниво на јавната администрација, според американската влада, која наведува дека владејачките партии имаат воспоставено активен систем на активна патронажа преку кој администрацијата се користи за наградување и на партиските војници.

На крајот, и наспроти реториката на власта за едно општество за сите, многу сектори на државниот апарат продолжуваат да ги исклучуваат Албанците и другите не-македонски заедници, особено во редовите на јавниот ред и безбедноста кои и понатаму  остануваат моноетнички.

Овој извештај на АДС, кој доаѓа по низата меѓународни извештаи со иста оценка, треба да се третира како сигнал за тревога, бидејќи горенаведените точки се токму условите за кои лидерите на ЕУ ќе одлучуваат за започнување или не преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.
На премиерот Заев мора да му биде јасно дека на земјата и преостанале помалку од три месеци за да се отцепи еднаш засекогаш од практиките на режимот на ВМРО-ДУИ.

Нови вести

Спасовски: Од заробена држава денес имаме слободна и демократска држава партнер на регионот и светот

Igor

Могерини: Европските лидери да ја донесат вистинската одлука за преговори со Скопје и Тирана

Igor

Царовска: Регионот  треба да размислува за заедничка социјална платформа која ќе донесе благосостојба за сите

Igor