December 6, 2022 01:47
Магазин

Алиша Силверстоун двапати добила забрана од апликација за запознавање

Алиша Силверстоун добила забрана за пристап и користење апликација за запознавање.

45 -годишната актерка, која беше во брак со музичарот Кристофер Џареки од 2005 до 2018 година, решила да се приклучи на апликацијата во обид да најде љубов, но таа веќе двапати е исфрлена од платформата.

Таа објасни: „Пред неколку години се обидов да се вклучам во една од апликациите за запознавање и ставив лажен профил, бидејќи ми беше непријатно. И тогаш ме исфрлија, добив забрана.”

„И потоа се обидов повторно, добив храброст затоа што слушнав дека Дру Баримур била вклучена и слушнав дека Шерон Стоун е вклучена, па си реков: ако можат тие можам и јас. Така, продолжив како вистинската јас, ми требаше многу храброст да го направам тоа.

Но, и како таква бев исфрлена“, рече таа кога гостуваше во шоуто на Дру Баримор.

И покрај застојот, таа и понатаму сака да најде љубов. Холивудската актерка која со својот поранешен сопруг има 10-годишен син знае дека нема да биде лесно да го најде совршениот партнер.