February 3, 2023 21:37
Скопје

Алишан: Да се промени начинот за добивање годишни слободни билети за превоз на лицата со оштетен вид

Да се промени начинот за добивање годишни слободни билети за превоз на лицата со оштетен вид, побара денеска Суарет Алишан, координатор на Коалицијата „Менуваме”. Барањето било испратено и до Град Скопје.

На прес-конференцијата по повод 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Алишан потсети и на нивните барања од триесет и пет проценти покачување на додатокот за попреченост, посебниот детски додаток и додатокот за попреченост на возрасни, согласно на просечната плата и континуирано зголемување како што расте платата.

Тој посочи дека попреченоста не препознава партија, вера или нација и дека луѓето што ја имаат, секојдневно се соочуваат со неа.