November 24, 2020 19:00
Спорт

Алиоски нападнат по мечот со Арсенал, Џака го бранеше (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски беше во центарот на вниманието на вечерашниот дуел на неговиот Лидс против Арсенал (0-0), откако прво беше удрен од Пепе, кој за тоа доби црвен картон, за потоа да го повреди Сака, а на крајот да биде нападнат од Киран Тирни.

 

Бекот на „топчиите“ беше лут на Македонецот, па по последниот свиреж на судијата тргна да се пресметува со него, во што во последен момент беше спречен од соиграчите, па сѐ заврши со вербален дуел.