June 26, 2019 20:26
Фудбал

Алиоски и Елмас, заедно со Пандев, се трите имиња кои се во центарот на вниманието

Алиоски и Елмас, заедно со Пандев, се трите имиња кои се во центарот на вниманието

Македонската фудаблска селекција ја оставри првата победа во евроквалификациите за натпреварувањето во 2020 година, откако оваа вечер понуди маестрален фудбал во првото, а потоа одигра рутинирано второ полувреме.

Тимот на Ангеловски во првото полувреме можеше да постигне четири или пет погодоци, но во листата на стрелците се запишаа Езџан Алиоски и Елиф Елмас кои всушност ги најавија првите три бода на нашата репрезентација во групната фаза. Летонија во текот на цел меч беше недорасната противник за македонската репрезентација, но сепак во самата завршница успеа да внесе немир меѓу навивачите, бидејќи успеа да намали на 2:1 по еден прекин.

Исајевс намали на 2:1 во 86-та минута, но во судиското надополнување епитетот јунак на мечот го оправда талентираниот Елиф Елмас кој со својот втор погодок ги постави конечните 3:1. Фудбалерот на Фенербахче стана вториот најмлад стрелец во историјатас на македонската репрезентација, а со брилијантното издание го разубаве јубилејот на Горан Пандев кој го одигра својот 100-ти меч во дресот на Македонија.

Нови вести

Еден гигант го откажа интересот за Елмас, репрезентативецот најблиску до Серија А

24info

Буфон се враќа во Јувентус?

24info

Торес: Челзи не е на нивото на Реал

24info