January 28, 2022 07:46
Магазин

Алек Болдвин тврди дека не го повлекол чкрапалото на кобното снимање

Актерот Алек Болдвин, во прво интервју по трагедијата открил сè што можел за тоа што се случило тој 21-ви октомври на снимањето на филмот „Rust“ во Њу Мексико. Алек во интервју за „ABC News“ изјавил дека нема поим како се нашла муниција на сетот, како и тоа дека не го повлекол чкрапалото. Со оглед на тоа дека истрагата е во тек, Болдвин морал да биде внимателен со одговорите.

-Не го повлеков чкрапалото. Никогаш не би вперил пиштол во некого, никогаш не би го направил тоа, вели актерот во најавата за емисијата во која се гледа како плаче додека зборува за трагичниот настан.

Во објавената најава од интервјуто не се открива како куршумот бил испукан од пиштолот.

-Некој ставил куршум во пиштолот. Куршум кој не ни требало да биде на снимањето. Дури и сега ми е тешко да поверувам дека се случи инцидент. Сè уште ми делува нереално, рекол Болдвин.

Низ солзи, Алек Болдвин се присетил на покојната Халина Хачинс како „личност која ја сакале сите кои работеле со неа и на која ѝ се воодушевувале“.

Во интервјуто кое ќе се емитува утре, Болдвин исто така ќе зборува зошто открил да проговори за сè, како се случило пукањето, како се помирил со фаталната несреќа и што мисли за актерите како Џорџ Клуни, кои велат дека секогаш го проверуваат оружјето пред снимањата.

За потсетување, ова е прво интервју на Болдвин откако на 21-ви октомври ја застрела и усмрти директорката на фотографија, Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза.

Истражителите кои работат на случајот со несреќата за време на снимањето на „Раст“ ја истражуваат можноста дека рециклирана муниција била пронајдена во кутија со маневарска муниција, покажуваат судските документи објавени вчера. Судските документи вклучуваат и налог за претрес на локалната продавница за муниција и филмските реквизити.

Сопственикот на продавницата и рекол на полицијата дека се сомневал дека куршумите, кои биле пронајдени на филмскиот сет, всушност биле рециклирана муниција што ја добил од пријател. Но, сепак главното прашање останува како вистински куршум наместо во маневарска муниција завршил во пиштолот.

Досега против никого не е поднесена кривична пријава. Двајца членови на придружниот тим покренаа граѓанска тужба во врска со несреќата, а продуцентот и некои други лица се товарат за невнимание.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

online anime That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway Episode 10

dubbed anime AnimeHeaven Komi Can’t Communicate

stream anime online Bleach (Dub)

AnimeHeaven That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2