November 29, 2022 06:02
Магазин

Алек Болдвин може да бидe обвинет за фаталниот инцидент на снимањето на Rust

Актерот Алек Болдвин е меѓу четири лица кои во октомври може да се соочат со обвиненија за убиство на снимателката Халина Хачинс во текот на снимањето на вестернот Rust во 2021 година, изјави обвинител од Ново Мексико. Конечниот полициски извештај за инцидентот во близина на Санта Фе, Ново Мексико, се очекува следниот месец, кога обвинителите ќе поднесат кривична пријава доколку тоа е оправдано, изјави окружниот обвинител Мери Кармак-Алтвис пред државниот финансиски одбор.

„Инспекторите се фокусираат на многу поединци кои ракувале со пиштолот испукан од Болдвин за време на пробата пред снимање, убивајќи ја Хачинс и повредувајќи го помошникот режисер Џоел Соуза,“ се наведува во писмото на Кармак-Алтвис до одборот, како што пренесува „Ројтерс“.

„Еден од можните обвинети е познатиот филмски актер Алек Болдвин“, вели таа во писмото во кое бара дополнителни финансии за кривично гонење на случајот од висок профил.

Можни се четири судења со порота за секој обвинет согласно некои варијации на државниот закон за убиство, изјави Кармак-Алтвис пред одборот за време на состанокот минатата недела.