October 23, 2020 04:16
Македонија

Александар Митовски од Инфомакс објави слика со нападнатиот Палевски во болница

Александар Митовски од Инфомакс на својот Фејсбук профил објави фотографија направена во болница каде се наоѓа претседател на движењето „Трета“, Љупчо Палевски кој попладнево бил нападнат со метален предмет.

На 17,09,2020 год. околу 17,15 час. пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна на две лица кои биле со моторцикл со употреба на метален предмет бил нападнат Љ. П.Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР за Либертас.

„Палчо претепан од двајца на мотор пред куќа. Облечени со црно, со црни кациги. Со шипка маван и боксирачи по глава. На 55-годишен ли бе? Упатен е кон болница со брза помош“, напишаа на Фејсбук од „Трета“.

Митовски напиша дека двајцата напаѓачи се познати и дека цел ден чекале на улицата каде што живее Палчо.

„Снимени се на сите камери. Со и без каци.

Сега останува ред уште полицијата која се пофали со системот “Сејф Сити” да ги потврди овие информации. А, за нарачателот на нападот…“, напиша Митовски.