October 16, 2021 18:30
Спорт

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

Фудбалската федерација на Албанија го осуди денеска насилничкото однесување на своите навивачи, но, притоа, ги обвини и полските фанови за провокации за време на натпреварот во Tирана во рамки на мундијалските квалификации.

Полска во вторникот во Тирана забележа победа од 1:0, а натпреварот беше во прекин околу 20 минути, откако Карол Свидерски го постигна победоносниот гол во 77 минута. Веднаш потоа албански навивачи почнаа да фрлаат пластични шишиња кон полските фудбалери, кои го напуштија теренот.

Ден по натпреварот ФИФА отвори дисциплинска постапка против фудблските федерации на Албанија и Полска и ги осуди инцидентите.

– Имавме 22.000 прекрасни навивачи и неколкумина поединци, кои ги расипаа сите убави работи што екипата ги направи, соопшти Албанската федерација, додавајќи притоа, дека и полските навивачи сносат вина поради „константното провоцирање и многу агресивно однесување”.

Тирана на 25 мај идната година треба да биде домаќин на првото финале во Конференциската лига на УЕФА.

Website https://kissanime.mx: Watch Valvrave the Liberator 2 kissanime Episode 12 kissanime boku no hero

Tamako Market Specials Episode 6

Watch Sword Art Online the Movie -Progressive- Aria of a Starless Night Episode 3 Preview

Bloody Code Episode 26

Website https://animetv.cc: Watch Fighting Beauty Wulong animetv Episode 25 https anime tv