December 5, 2019 19:03
Хроника

Албански ловџии упукале колега, па го донеле на лекување во Дебар

На 12.08.2019 во 23,45 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека во Општата болница во Дебар бил донесен Е.М. од Р.Албанија, со повреди во пределот на левата рака и лицето. Е.М. бил донесен од С.Х. и Е.Ш. и двајцата од Р.Албанија со патничко моторно возило ,,Опел фронтера’’ со албански национални ознаки.

На 13.08.2019 околу 00,40 часот во Полициската станица Дебар дошол С.Х. и изјавил дека во несреќен случај на територијата на Р.Албанија Е.М. се здобил со повреди од ловечко оружје во сопственост на И.Д. од Р.Албанија. Поради потреба од укажување на лекарска помош тие преку граничниот премин Џепиште – Требиште околу 23,20 часот ја преминале државната граница и дошле во Дебар. За случајот е известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Нови вести

Пронајдено починато лице кај Миравци

Filip

Кривична пријава против пет лица за бесправна сеча на шума

Filip

Струмичанец лишен од слобода, превезувал 19 мигранти од Авганистан и Пакистан

Filip