October 22, 2021 10:17
Балкан

Албанските социјалисти бараат измени во Уставот околу ветингот, но и поддршка од опозицијата

Албанските владејачки социјалисти почнуваат подготовки за нова уставна промена поврзана со процесот на проверка во судството, познат како ветинг. Координаторот на парламентарна група, Таулант Бала побара од претседателите на комисиите, со кои раководат социјалстите да ја координираат работата за оваа цел.

Станува збор за измена на членот од Уставот што предвидува временско дејствување на независната комисија за квалификација, што завршува на 7 јуни 2022 година.

Но, за тоа на социјалистите им се неопходни гласови од опозицијата, бидејќи заедно со тројцата пратеници од Социјалдемократската партија, кои гласаа за владата, вкупно има 77 гласови од 140-члениот законодавен дом, но за изгласување на уставната измена потребно е двотретинско мнозинство.

Поддршка од опозицијата од собраниската говорница побара и новиот министер за правда Улси Мања при презентирањето на програмата за работа на министертвото.

Барајќи ги гласовите на опозицијата за оваа промена тој рече дека неопходно е да се даде рок на дејствување на комисијата до крајот на проверката на 370 судии и обвинители, колку што се во списокот за проверка.

Извори од опозициската Демократска партија за Топ чанел изјавиле дека ова не е прашање што се разгледува и дека партијата ќе „изгради став по ова прашање во потребното време”.

Од прес-службата во Движењето за социјалстичка интеграција (ЛСИ) соопштиле дека оваа политичка сила ќе го каже својот став во време кога за промените ќе се расправа во парламентот.

Лидерот на демократите Љуљезим Баша во парламентот изјави дека „Реформите во правосудството се болен кој се одржува интубиран од меѓународните претставници”.

KissAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://animetv.cc: Watch Show by Rock!! Stars!! animetv Episode 12 animetvs

Watch Date A Live II: Kurumi Star Festival (Dub) Episode Full

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed

Ok: https://ok.ru/profile/568907812082/statuses/153668624498162

Thingiverse: https://www.thingiverse.com/gogoanimelol