Македонија

Албанските медиуми отстапија посебен простор за инаугурацијата на Пендаровски

Албанските медиум отстапија посебен простор за инаугурацијата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Пренесувајќи опширни информации од давањето заклетва, обраќањето и примопредавањето на функцијата во Вила Водно, особено се акцентира неговото ветување дека во петгодишнот мандат зачувувањето и развојот на меѓуетничките односи во земјата остануваат меѓу неговите приоритети и оти стратегиската определба на Северна Македонија и нејзините граѓани останува членство во НАТО и во ЕУ.

-Меѓуетничките односи и рамнотежата помеѓу сите етнички заедници отсекогаш биле плод на нашата внатрешна стабилност и безбедност. Најголем проблем е и останува однесувањето на најголемите политички партии кои честопати својата позиција за меѓуетничките односи ја изразуваа во зависност од тоа дали се на власт или опозиција и затоа за каква било делување или однесување ќе барам политичка одговорност, е најчесто пренесуваниот дел од обраќањето на Пендаровски.

Секако, без исклучок, медиумите пренесуваат дека денеска во Скопје е и албаскиот претседател Илир Мета, како и за средбата со својот колега Пендаровски, на која го нагласиле знаењето од отпочнувањето на преговорите со ЕУ за нивните две земји, како “силна порака за европската перспектива на целиот регион”.

При тоа се наведува дека Мета изразил уверување дека Албанија и натаму ќе биде најдобриот пријател на Северна Македонија, која секогаш го поддржува нејзиниот напредок од независноста.

-Сега влеговме во нова фаза на билатералната соработка, со цел нејзино зајакнување и продлабочување во сите области. Нас не обединува заедничката цел на европската интеграција на нашите земји, на начин на кој можеме да се потпреме еден на друг, рекол Мета на средбата со Пендаровски.

Мета високо го оценил ставот на Пендаровски за изградбата на едно мултиетничко општество во Северна Макдонија, како и клучната улога на политичките партии на Албанците во интегративните процеси на Северна Македонја.

Нови вести

Од среда почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа

Filip

СДСМ: Заради справување со сиромаштијата што ја остави ВМРО-ДПМНЕ, Владата ја зголемува социјалната помош за 300 отсто

Filip

Спасовски: Никогаш да не заборавиме на бранителите-херои и на обврските кон нив

Filip