August 20, 2019 01:07
Балкан

Албанската ЦИК го верификуваше мандатот на Васил Стерјовски

Албанската Централна изборна комисија на денешната седница ги верификува мандатите на тројца нови пратеници, меѓу нив и Васил Стерјовски, од едниствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ).

Според најавите, заклетва тој треба да даде на утрешната пленарна седница на албанскиот законодавен дом на која се очекува и негово обраќање.

Со тоа тој ќе биде првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од македонска партија, но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец.

Според партски извори во парламентот, Стерјовски како дел од парламентарната опозиција ќе ја претставува програмата на Македонска алијанса за европска интеграција.

На последните парламентарни избори одржани во јуни 2017 година МАЕИ беше дел од изборната коалиција предводена од Социјалистичкото движење за интеграција. Тогаш лидер на партијата беше актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета. Врз основа на договорот Васил Стерјовски беше петти на кандидатската листа за округот Корча.

Васил Стерјовски е познат активист за правата на Македонците во Албанија. Запишан е на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на Институтот за национална историја на студиската програма на хуманистички науки, подпрограма Историја на Македонија, со потесна област на истражување Македонците во Албанија.

Тој е генерален секретар на МАЕИ, а на последните локални избори беше избран и за советник во Советот на опшина Пустец

Нови вести

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Filip

Со протести на опозицијата конституиран советот на општина Скадар

Filip

ЕУ и дава на БиХ дополнителни 10 милиони евра за мигрантите

Filip