February 17, 2019 11:16
Балкан

Албанската полиција предупреди за обид за дестабилизација на протестот на опозицијата

Неколку дена пред најавениот масовен антивладин протест, што албанската опозиција ќе го одржи на 16 февруари, државната полиција упати порака за внимателност и ја сподели загриженоста со јавноста за „учество на криминалци во протестите”.

-Државната полиција ја споделува со јавноста загриженоста за учество на митингот на лица со криминални досиеја или поттикнати од трети страни кои имаат за цел да создадат атмосфера на нестабилност во Албанија. Апелираме до политичките сили вклучени во организирање на протестот на 16 февруари да избегнуваат реторика која поттикнува активности против јавниот ред и мир, се наведува во полициското соопштение.

Во истото се наведува дека, гарантирајќи го правото на собир и слободата на изразување на граѓани кои ги манифестираат своите политички ставови, полицијата ги повикува сите граѓани кои не се поврзани со овој собир, да го ограничат нивното движење во текот на 16 февруари (сабота) во подрачјето каде што ќе се одржи протестот.

Државната полиција, исто така, информира дека ќе спроведе интензивни контроли на возилата по неколку национални патни правци, како и улици во главниот град. Тоа со цел да се спречи вклучување на лица со криминални досиеја на протестот, во интерес на безбедноста на учесниците и другите граѓани.

Албанската здружена опозиција, предводена од Деморатскста партија на Љуљзим Баша, за 16 февруари закажа масовен протест, најавувајќи дека ќе продолжи со протестите се до соборување на Владата на премиерот Еди Рама и формирање преодна влада, која ќе спроведе слободни и демократски избори.

Related posts

(Видео) Дачиќ ја пее Каљинка, а Путин ракоплеска на свечениот ручек во Белград

Igor

Бузек: ЕУ веднаш да овозможи членство на цел Западен Балкан

Filip

Пожари на грчките острови Закинтос и Андрос

24news