November 24, 2020 17:19
Балкан

Албанската опозиција ќе побара од претседателот Мета да го распушти Парламентот

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија,Љуљзим Баша, на новинарско прашање дали ќе побара од претседателот Илир Мета распуштање на парламентот, рече дека ја поздравува секоја иницијатива „што ги скратува деновите на злото и што побрзо тоа се случи, тоа е подобро за граѓаните на земјата”.

-Моја главна грижа ќе биде грижата на Албанците и при тоа нема да поштедам ниту еден потребен повик. Да беа одржани изборите, патот на злото ќе беше скратен. Колку побрзо, толку подобро за секого. Задачите се одредени и јас како претседател на опозицијата ќе го сторам тоа до крај. Добредојден е и го поздравувам секој чекор што ги скратува лошите денови, рече Баша.

Тезата за распуштање на Парламентот ја пласираше еден од најбитните сојузници во здружената опозиција, Републиканската партија.

Лидерот на партијата и поранешен министер за одбрана, Фатмир Медиу, рече дека претседателот Мета треба да го распушти парламентот, доколку пратенците ја отфрлат неговата уредба за изборниот законик.

-Доколку парламентот не ја разгледа уредбата за укинување на едностраните измени во изборниот законик направени од Рама со уништување на постигнатиот консензусот на 5 јуни

и стандардите за слободни и фер избори,ќе побараме претседателот да го распушти парламентот. Претседателот јавно и јасно, во континутет изјавуваше дека ќе го распушти парламентот ако се нарушат уставот и изборните стандарди, па во согласност со неговите уставни надлежности претседателот треба да го превземе овој чекор ,рече Медиу.

Додаде дека од другите лидери на париите во здружената опозиција веќе побарал да побараат од претседателот Мета да донесе одлука за тоа.

Од друга страна премиерот Еди Рама му порача на Мета „што поитно да го потпише или врати изборниот законик за да почне да се спроведува”.