Балкан

Албанската опозиција најави нов протест на 25 мај

Како што и претходно најави, обединетата албанска опозиција продолжува со протести против „криминалната Влада и балканскиот Мадуро”, како што го нарекува актуелниот премиер на Албанија, Еди Рама.

На попладневната средба на Претседателството на Демократската партија, на која присуствуваа и лидерите на политичките партии што ја сочинуваат обединетата опозиција, одлучено е наредниот „национален протест” да се одржи на 25 мај во 19 часот.

Најавувајќи го протестот, лидерот на демократите, Љуљзим Баша изјави дека продолжуваат „со соочувањето, без враќање, со слугите на владејачката криминална хунта”.

– Највисокиот форум на Демократската партија заедно со лидерите на коалициските партнери ја разгледа тешката состојба на државен удар во која се наоѓа земјата. Денес, цела Албанија и светот сфатија дека Еди Рама е во паника од она што го очекува од расветлувањето на истражните досиеја во кои е вмешан директно. Едногласната одлука на опозицијата е фронтална конфронтација во сите форми. Од овој момент ќе бидеме секојдневно и секоја минута заедно со граѓаните, лице в лице без враќање, со војниците и слугите на владејачката криминална хунта, додека не се дискутира за враќање кон демократијата, изјави Баша по состанокот.

Од февруари, кога почнаа, по до сега, опозицијата одржа 11 протести, од нив шест пред Парламентот, додека три пред Владата и тоа на 13 февруари, 13 март и 13 април, како и два марша од пред Владата до Парламентот и Дирекцијата на полицијата на Тирана на 11 и на 13 мај.

Протестот одржан на 11 мај беше најжесток, со фрлање молотови коктели врз Владата, Парламентот и полицијата, при што беа запалени прозорци и влезната и задната врата на Владата, повредени 16 полицајци, пробиени полициски кордони, фрлени многу димни бомби во правец на полицијата, употреба на солзавец и водени топови за одбивање на демонстрантите, уништен општествен имот и приведени повеќе од 50 лица.

Приведените вчера беа изведени пред Основниот суд во Тирана, при што на 20 од нив им беше продолжена мерката притворот, додека останатите беа ослободени.

Нови вести

Албанска опозиција повторно на протест, за безбедноста ќе се грижат околу 2.000 полицајци

Daniela

Трикратно убиство во Нови Сад: „Зете, задоволен ли си сега“ го прашала Нада пред да ѝ ја скрши главата со токмак

Igor

Харадинај му порача на Вучиќ да се однесува европски

Igor