June 25, 2022 09:12
Спорт

Албанија прогласи национален празник поради Конференциската лига

Албанската влада 25.мај го прогласи за национален празник. Наредната среда, во Тирана ќе се одигра финалето на Лигата на конференциите меѓу Рома и Феенорд.

„Главниот град ќе биде пешачка зона како дел од мерките за најпримерно да се организира еден од најголемите настани во Албанија“, изјави албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи.

На натпреварот се очекува да присуствуваат до 100.000 италијански и холандски навивачи. Секој клуб доби по 4.000 влезници за првото финале во новоформираното натпреварување на УЕФА. Капацитетот на Националната арена во Тирана е 20.000 седишта.

„Ги преземаме сите мерки да го направиме денот празничен за сите, не само за италијанските и холандските навивачи“, додаде Цучи.

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја избра Тирана за домаќин во декември 2020 година, една година по отворањето на стадионот и пред клубовите да се квалификуваат за новото натпреварување.

go88 pro go88 math bắt go88

sunwin live chat sunwin nhận code tại sunwin app store