August 20, 2022 00:46
Балкан

Албанија ги укинува царинските такси за Косово

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска изјави дека земјата ќе ги укине сите царински такси за Косово, почнувајќи од земјоделските производи.

„Направивме план за укинување на сите царински такси за производи од Косово, целосно ќе ги елиминираме. Сакаме тоа да биде билатерално со владата на Косово“, рече Рама, а пренесува Коха.

Тој додаде дека е бесмислено Албанија да ги укинува царините за земјите-членки на Отворениот Балкан, а да ја задржи за Косово, пишува Коха.

Во Приштина утре ќе се одржи осмата седница меѓу албанската влада и косовската влада.