August 2, 2021 18:57
Хроника

Акција „Двојник“: Нарко босови шетале низ Европа со идентитет на лица од Пустец

Во акцијата „Двојник“ се уапсени деветмина полицајци, кои во изминативе години издале 215 пасоши на странци со сомнително и криминално минато и со украден идентитет, дознава Телма.

Уапсените се полициски службеници, главно од управната пасошка служба во МТВ, но и двајца од полициските станици Драчево и Бутел кои работеле на фотографирање на двојниците со легален македонски пасош. Истрагата траела 14 месеци во соработка со Интерпол и со американските бебзедносни служби кои технолошки и помагале со алатки за препознавање на лица.

Најголем дел од веќе потврдени 215 лажни пасоши биле всушност со идентитет на македонски државјани од Мала преспа и од Пустец. Сликите биле од носителите на пасошите-криминалците, а податоците биле украдени.

Постоела група на службеници во МВР кои во определени моменти ја извршувале процедурата со фотографирање и уфрлање на подaтоците.

Потоа пасошите до нарачателите ги носел курир, лице кое ги договарало зделките и не е во МВР.

За над 110 носители на пасоши е откриено каде се наоѓаат во странство, а по останатите уште траела потрагата за да се откријат земјите каде се сега.

Но акцијата веќе е спроведена, а предвидената реализација со помош на Интерпол во други европски земји ќе се одвива понатаму. Едно лице од Македонија не е достапно и се води дека е во бегство.

AnimeHeaven hunter x hunter anime heaven: Hunter x Hunter (https://animeheaven.pro/m/LDJ) Episode 148

4Anime websites like 4anime: Watch The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 1