December 15, 2019 11:29
Македонија

Акционери од „Топлификација“ бараат од Обвинителството да ја испита помошта за ТЕ-ТО

Здружението за заштита на правата на акционерите во „Топлификација АД- Скопје“ испрати допис до Владата и Обвинителството каде се поставени неколку прашања во врска со доделената државна помош на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје.

Акционерите прашуваат: „што се случува со кривичната пријава за лажен стечај на ТЕ-ТО АД поднесена од Управата за финансиска полиција; дали е запознат со основот за лажниот стечај на ТЕ-ТО АД Скопје; дали по допрен глас ќе започне истрага за скандалозната државна помош доделена на осомничена фирма“.

„Бидејќи се работи за многу сериозна проблематика која е од интерес на јавноста зошто државата ангажира државни ресурси за покривање долг на осомничена приватна фирма, а непреземањето на активности од страна на обвинителствата му овозможуваат прикривање на сторените кривични дела на друштвото чиј сопственик е офф шор компанија, нанесувајќи штета на македонски компании од преку 40 милиони евра, сметаме дека има потреба од јавно објавување на прашањата поставени на Владата на РСМ и на главниот Јавен обвинител на РСМ.

Во интерес на објективно и непристрасно информирање на јавноста очекуваме дописите со поставени прашања до Влада на РСМ и до Јавниот обвинител на РСМ да бидат јавно објавени на вашите портали“, додаваат акционерите.

Нови вести

СДСМ:Насилничката матрица е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е опкружен со советници-насилници

Igor

Голема граѓанска трибина „На прав пат” денеска во Скопје

Igor

ВМРО ДПМНЕ:Јовевски и Русковска место да го истражат криминалот собираат кесички

Igor