January 22, 2021 21:01
Македонија

Активното граѓанско учество е важно за демократијата и патот кон ЕУ членство

Активното граѓанско учество и вклученост во општествениот живот е важно за демократијата и патот кон ЕУ членство на земјата. Тоа е еднакво важно, како за граѓаните на ЕУ за зачувување на правата и вредностите на унијата, така и за нашите граѓани за остварување на желбата да живеат во развиена европска демократија. Кога граѓаните бараат нормалност, ред и функционални институции, тогаш и системот и политиката мора да ги следи.

Ова е заедничката порака од учесниците на онлајн промотивниот настан на проектот: „Промовирање на заеднички вредности низ Европа”, во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија, на кој учество земаа вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, евроамбасадорот Давид Гир и германската амбасадорка Анке Холштајн.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, рече дека ЕУ идејата почива на два главни столба што ја прават атрактивна и за кои се стремиме да бидеме дел од ова семејство.

– Прво, тоа е најголемиот заеднички пазар во светот, што овозможува економски просперитет и второ се вредностите и наративот на ЕУ како семејство на принцпипи и вредности, изјави Димитров, изразувајќи надеж дека ќе одиме побрзо по овој пат, по кој што сакаат граѓаните да не видат – патот на една функционална европска демократија во која ќе владее правото, правосудниот систем е независен и ефикасен, носителите на јавни функции се одговорни и општество во кое медиумите се слободни, а граѓаните се еднакви во ползување на своите права.

Граѓаните, посочи тој, во измитенатите три години видоа, дека кога се будни и активни и ќе го дигнат гласот нештата се случуваат.

– Можни се политички промени, можни се подобрувања. Во последниот извештај на ЕК нотиран е најголем напредок токму во овие политички критериуми. Оваа битка за овие вредности не завршува кога ќе влезете во ЕУ. Процесот кој неодамна го започна ЕК за оценка на примена на принципите на владеење на правото во сите земји члени, само ја потврдува важноста на овие темелни вредности за ЕУ, изјави Димитрив.

Како генерација, нагласи Димитров, ние сме во трка со времето бидејќи младите луѓе сакаат просперитет и европски услови за живеење и нашата цел не е да станеме формално земја членка, туку суштински да ја увеземе Европа во смисла на правила и вредности дома.

– Мислам дека со членството во НАТО обезбедивме предвидливост на долг рок, а со пристапните процес, кој е алатка за реформи мора да го донесеме европскиот начин на живот дома, изјави Димитров.

Евроамбасадорот Давид Гир, посочи дека европските вредности со време еволуираат и се менуваат, како на пример принципот на недискриминација, каде има голем напредок од почетните договори на кои се заснова унијата, но и дека може да се видат и нови концепти кои се создаваат како што се зелената агенда на ЕУ.

– Овие основни права и вредности не треба да се земат како загарантирани. Правата треба да се штитат, а вредностите да еволуираат, бидејќи скептицизмот е најголем противник на демократијата и фундаменталните права, изјави Гер.

ЕУ, посочи тој, промовира активно граѓанство, во самата себе и со вакви проекти и во земјите кандидати.

– За мене, активно граѓанство е вклученоста на сите членови на општеството во политичкиот, социјален, екоеномски и културен живот, со цел да се осигураат дека нивните погледи ќе бидат претставени и вклучени во обликување на општеството. Ова е основа на секое успешно демократско општество. Активното граѓанско учество ги носи владите поблиску до индивидуите и помага во гарантирање на правата и откривање на злоупотребите, изјави Гер.

Германската амбасадорка Анке Холштајн, рече дека од личен пример знае што значат европските вредности, бидејќи е родена во Источна Европа, со ограничени можности за патување и неслободни избори и медиуми.

– Нешто што секогаш ме загрижува е тоа што не ги гледаме вредностите и придобивките од ЕУ, како што се слободата на движење и владеење на право или економскиот развој и размена, туку ги земаме здраво за готово. Од друга страна, многу јасно ги гледаме недоразбирањата во безбедносната соработка или миграциите и така натаму. Сепак верувам дека овој европски проект е најдоброто нешто што може да се замисли. Негово богатство е соработката на толку многу различни луѓе и култури и затоа сите треба да работиме од ден во ден за негово зачувување, изјави Холштајн.

Затоа, посочи таа, главна цел на германското претседателство со ЕУ е промоција и зајакнување на владеењето на правото меѓу сите земји членки на ЕУ.

Претседателката на Транспаренси Интернешнл-Македонија Слаѓана Тасев, во образложувањето на проектот, рече дека негова цел е вклучување на граѓаните во поддршка на евроинтеграциските процес преку активности за промовирање на европските вредности, како владеење на право, демократија, транспарентност, слобода на медиумите и солидарноста.

– Сакаме да ги мотивираме и инспиираме граѓаните, да ги јакнеме нивните капацитети, самите да презмеаат акција таму каде што, во однос на промовирање на европските вредности и предизвици, како и да се наоѓаат решенија за нив, изјави Тасева.

Активностите и настаните, посочи таа, се насочени кон промоција на дебата и разговор, размена на мислења и поттикнување сите точки кои се дел од евроинтеграциските процеси и ќе бидат организирани во Скопје, Тетово, Приштина, Клуж, Констанца, Будимпешта и Сегед.

Транспаренси Интернешнл – Македонија проектот заеднички го имплементира со Транспаренси Интернешнл – Унгарија, Асоцијација Експертски Форум од Романија и Косовскиот Демократски Институт.

Watch The Seven Deadly Sins: Wrath of the Gods (Dub) Episode 24 at Funimation funimation spring 2020

Watch Higurashi: When They Cry – Gou Episode 8 at Crunchyroll crunchyroll account list